(ВИДЕО) Пожари беснеат во соседна Грција

Pozar Vojnica

Пожарникарите, спасувачките екипи и армијата во Грција се обидуваат да ги локализираат пожарите кои избувнаа на повеќе локации.

Zito akcija 640x289px

Според локалните медиуми, ситуацијата е неизвесна околу Лутраки, а драматична во Лагониси, каде пожарот наводно зафатил и куќи.

Agria

Според првите информации, наредена е евакуација од одредени области. Се замолуваат граѓаните и туристите од Лагониси да се упатат во правец на Атина. Надлежните велат дека пожарот почнал да се шири кон блиската Саронида и дека огнот повеќе не е под контрола.

Пожар зафати шума кај Лутраки, повеќе од 50 пожарникари со 20 возила се на терен. Во гаснењето на пожарите се вклучени и канадери и хеликоптери.

Засега е издадена наредба да се започне со евакуација на областите Калитеа, Пефки и Ирини каде пожарот зафати и куќи.

Заменик-регионалниот гувернер на Коринт, Харилаос Витиниотис истакна дека приоритет е евакуацијата на кампот каде има околу 800 деца.

Децата од кампот, како што пренесуваат локалните медиуми, се префрлени во затворената гимназија Лутраки.

Пожарот му го одзеде животот на мојот братучед во Лутраки, изјави за protothema.gr жител на областа кој видел како гори куќата на неговиот роднина.

„Куќата беше на мојот вујко и беше целосно изгорена“, рече тој и додаде дека чекаат пожарникарите да пристигнат на местото на настанот.

„Пожарот помина низ куќите, ништо не остана“, вели тој.

„Загубата беше тотална, изгубивме што имавме и што немавме“.

Куќата изгоре, а спасена е само малата црква, додаде тој.

„Сопственикот бил на Крит на одмор и неговиот внук го известил за тоа што се случило, човекот се расплакал“, додал тој.

На друго место, во Катунистра, Панајотис Хакорас спиел со сопругата кога пожарот дошол на 50 метри од нивnata куќа.

Тој се жали дека противпожарните возила се појавиле доцна.

„Цела населба изгоре и не се виде ниту едно противпожарно возило, по еден час дојде хеликоптерот“, рече тој.

https://www.youtube.com/watch?v=N-pVu8lcamc&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsvet%2Fregion%2F%25d0%25b2%25d0%25b8%25d0%25b4%25d0%25b5%25d0%25be-%25d0%25b2%25d0%25be-%25d0%25b3%25d1%2580%25d1%2586%25d0%25b8%25d1%2598%25d0%25b0-%25d0%25b1%25d0%25b5%25&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title