(ВИДЕО) Преполовен бројот на сообраќајки со повредени пешаци во Велес

За 40 отсто е намален бројот на сообраќајни несреќи во кои се повредени пешаци во Велес минатата, во однос на 2019 година. Лани имало само 25 сообраќајки со повредени пешаци, наспроти 40 во 2019 и 35 во 2018 година. Според анализите на СВР Велес, ова се должи на поставената опрема пред пешачките премини и метални столбчиња за заштита на тротоарите со што се спречи непрописно паркирање и брзо возење на критичните точки на главната сообраќајница.

Zito akcija 640x289px

Градоначалникот Аце Коцевски вели дека полицијата ја храбрува општината да продолжи да поставува метални столбчиња на тротоарите и на други улици кои се критични.

Agria

„Во следниот период такви столбчиња ќе се постават на улиците Љубљанска, од пекара Ќоше, до училиштето Блаже Конески, од двете страни на улицата Лазо Осмаков и на улицата 8 Сепптември, од левата страна на тротоарот, наспроти паркинг просторот под Градскиот саат“, рече Аце Коцевски, градоначалник на Велес.

Во изминатиот период општината постави столбчиња на над 15 улици во градот меѓу кои и централното градско подрачје, што се усогласени со Планот за одржлива урбана мобилност, во кој безбедноста на пешаците и велосипедистите е на прво место.

Граѓаните реагираат дека Велес се соочува со голем недостиг на паркинг простор, посебно во центарот на градот. Коцевски се согласува со нив, но вели дека додека граѓаните се жалат по социјалните мрежи, многу често паркинзите кај автобуската станица, кај бифе „Пармак“ и во близина на Мало Мовче, од кои има само неколку минути пеш до центарот на градот, се празни.

„Проблемот се создаде најмногу поради недостиг од простор за гаражирање на автомобилите, но и заради нашата лоша сообраќајна култура. Не користиме јавен превоз, туку, ако можеме, со автомобил ќе влеземе до банкарскиот шалтер или внатре во кафе баровите. Мора да научиме дека треба да ги менуаме навиките, а ние, паралелно со тоа, работиме на создавање услови за нови паркинг места. Во тек е јавна набавка за основен проект за подземна гаража под сегашниот паркинг кај судот. Со тој проект конкурираме на повикот на ЕУ за грант од околу 800 илјади евра. Првата фаза ја поминавме успешно, а резултатите од втората фаза ги очекуваме најдоцна до 10 февруари. Доколку го добиеме овој проект, ќе добиеме модерен плоштад на местото на сегашниот паркинг и подземен паркинг со околу 70 до 90 места“, рече Коцевски.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: