(ВИДЕО) Претседателот Пендаровски на маса со Зеленски: разговарано за случувањата во Украина

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на самиот Украина – Југоисточна Европа, денеска во Тирана оствари средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Zito akcija 640x289px

Двајцата претседатели разговараа за последниот развој на случувањата во Украина и можностите за продлабочување на соработката во насока на поддршка на украинскиот народ и враќање на територијалниот интегритет на Украина во рамките на нејзините меѓународно признаени граници.

Agria

Претседателот Пендаровски го реафирмираше ставот дека Северна Македонија од самиот почеток силно ја осудува агресијата на Руската Федерација врз Украина која претставува повреда на Повелбата на ОН и принципите на ОБСЕ.

Истовремено, претседателот Пендаровски наведе дека нашата земја се приклучи на Кримската платформа, ја усвои Декларацијата за осуда на воените напади против територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, се приклучи на Заедничката декларација на Г-7 за поддршка на Украина, на Меѓународната коалиција за враќање на украинските деца и го поддржа формирањето на Специјалниот трибунал, кој ќе ги истражува и гони сите злосторства на агресија извршени од страна на Руската Федерација.

Воедно, претседателот ја поздрави одлуката на Европскиот совет за отворање на преговори за членство на Украина во ЕУ и истакна дека Северна Македонија, како земја-членка на НАТО, останува посветена на политиката на отворени врати и ја поддржува апликацијата на Украина за членство во Алијансата.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на средбата изрази благодарност за цврстата позиција и севкупната поддршка којашто Украина ја добива од нашата земја.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: