(ВИДЕО) Претседателот Пендаровски оддаде почит на гробот на Панко Брашнаров во Загреб

Претседателот Стево Пендаровски, кој престојува во официјална посета на Република Хрватска, на гробиштата „Мирогој” во Загреб положи венец и оддаде почит на гробот на македонскиот револуционер и потпретседател на Президиумот на АСНОМ, Панко Брашнаров.

Претседателот Пендаровски беше запознаен со напорите за враќање на посмртните останки на Брашнаров во родниот Велес.

Текстот продолжува под рекламите

Agria

На спомен плочата, поставена од општина Велес, е испишано „Животворниот извор на слободата не секна”, извадок од поздравниот говор на Панко Брашнаров на 2 август 1944 година, на Првото заседание на АСНОМ во Манастирот „Св. Прохор Пчињски”.

Текстот продолжува под рекламите

Речиси 60 години не се знаеше каде е закопан Панко Брашнаров, кој во 1951 година почина на Голи Оток, како последица од тепањето и мачењето. Неговиот гроб во 2011 година го пронајде новинарска екипа од Велес составена од Владимир Тевчев, Александар Кукулев и Данчо Стефков, а тоа е документирано во филмот кој беше емитуван во истражувачкиот магазин КОД.

Можеби ќе ве интересира:

Rontis oglas do 2 juni

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: