(ВИДЕО) Превалец на домашен терен го декласираше Росоман

Дожд од голови на стадионот во Превалец. Фудбалерите на Превалец во рамките на 19 коло на Третата македонска фудбалска лига – Југ го декласираа составот на Росоман со 8:3.

Zito akcija 640x289px

Натпреварот беше решен во првите 13 минути кога домашните со два брзи гола го скршија отпорот на росоманци. Гостите во 23 минута само намалија на 2:1 преку Игор Ѓорѓиев кој постигна хет-трик на овој натпревар, и тоа беше се што видовме од нив во првото полувреме. Следуваше канонада од голови во вториот дел, за конечни 8:3.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Двоен стрелец за Превалец беше Бобан Атанасовски, а по еден гол постигнаа Трајче Ѓорѓиевски, Ангел Гаштев, Кристијан Маневски, Антонио Чоков, Бобан Дукадиновски и Пеце Стојанов. За Росоман хет-трик постигна голгетерот Игор Ѓорѓиев.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/29901/poraz-vo-posledniot-natprevar-pred-svoja-publika-za-fudbalerkite-na-borecz/