(ВИДЕО) Превалец со пресврт до победа против Ново Црнилиште

Фудбалерите на Превалец со пресврт во второто полувреме го забележаа 10 триумф во сезоната. Во рамки на 15 коло од Третата фудбалска лига Југ тие беа подобри од екипата на Ново Црнилиште со резулта 4:2 и останаа во игра за првото место.

Zito akcija 640x289px

Иако домаќините ја имаа иницијативата, сепак гостите беа ти што поведоа во 22 минута од натпреварот. Во второто полувреме превалчани ги наместија нишанските справи па со двата гола на Пеце Стојанов, Дарко Ранготов и евроголот на Живко Ѓорѓиевски поведоа со 4:1. До крајот на натпреварот гостите само го ублажија резултатот за конечни 4:2.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во наредното коло Превалец гостува кај екипата на Младост, која се наоѓа на претпоследно место на табелата.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/29568/video-druzhene-na-policzijata-i-veleshani-po-povod-denot-na-makedonskata-policzija-7-maj/