(ВИДЕО+ФОТО) Промовирано инклузивното игралиште „Парк на срцата” на Езеро Младост

Со музички хепенинг на кој настапија велешкиот бенд R’n’B Neighbours и ДНК, синоќа на езеро Младост беше промовирано инклузивното игралиште „Парк на срцата“. Пред повеќе од 100 посетители, пред се лица со ограничена мобилност и попречености и нивни роднини, беше означен стартот на игралиштето, кое е прво од ваков вид во земјава.

Zito akcija 640x289px

Главната активност на проектот е инклузивното игралиште „Парк на срцата“, со две тактилни патеки и реквизити, соодветни на потребите на сите посетители, вклучително посетителите со ограничена мобилност и попречености. Дополнителна активност се и реквизити за обезбедување на пристап до плажа и пристап до вода за посетителите со ограничена мобилност.

Текстот продолжува под рекламата

Agria

Градоначалникот на Велес Аце Коцевски во своето обраќање рече дека ова не е само обичен парк, туку содржина која ќе ја подигне свеста кај граѓаните за односнот кон лицата со ограничена мобилност и попречености.

„Рекреативните содржини кои ги нуди просторот на езерото Младост, вклучително и сите содржини кои се дел од проектот ‘СМАРТ езеро Младост – прва туристичка дестинација во Македонија’ сега стануваат достапни за сите посетители, вклучително и за посетителите со ограничена мобилност и попречености. Инклузивен Смарт Туризам претставува подобрување на пристапноста и развој на инклузивноста преку воведување на нови рекреативни содржини и услуги и нивно интегрирање со постојните содржини во туристичката атракција езеро Младост да се овозможи еднаков пристап за сите домашни и странски посетители. Инклузивното игралиште “Парк на Срцата” не е само обичен парк кој ќе го ползуваат нашите најмлади сограѓани, туку тоа значи подигнување на свеста кај сите граѓани дека и лицата со попречености треба да добијат можност и да се третираат еднакво со што го добиваат правото да функционираат во заедницата исто како и останатите граѓани”, рече Аце Коцевски, градоначалник на Велес.

Текстот продолжува под рекламата

Во рамките на промоцијата, беше претставена и патеката за влез во вода и реквизитите за на плажа и за во вода, наменети за оваа категорија на граѓани, на која учествуваа членовите на здружението „Македонски спасител“ и Здружението на лица со церебрална парализа и други попреченостви, и двете од Велес. Овие две здруженија во следната година ќе битат одговорни за функционирање на сите содржини од „Паркот на срцата“.

„Во рамките на проектот се набавени и реквизити за обезбедување на пристап до плажа и вода, со што создаваме можности за квалитетен живот и за лицата со попречености, за што сме посебно горди. Ова е голем исчекор напред во насока на социјална инклузија и создавање еднакви можности за сите, преку развој на нови содржини и за посетителите со ограничена мобилност и попречености”, рече Игор Андреев, в.д. раководител на Центарот за развој на Вардарски плански регион.

Игралиштето е дел од проектот „ИНКЛУЗИВЕН СМАРТ ТУРИЗАМ – рекреативни содржини и услуги за еднаков пристап до туристичката атракција Езеро Младост“, кој го реализира Центарот за развој на Вардарски плански регион и Општина Велес, а е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, Министерство за локална самоуправа и Општина Велес.

Целиот настан можете да го погледнете на следниот линк:

https://www.facebook.com/CRVPR/videos/562641884864310

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: