Горан Пандев во дресот на Џенова дојде до бројката од 100 погодоци во Серија А. Тој синоќа му даде два гола на тимот на Беневенто.
Нашиот Пандев е дел од друштвото кое брои вкупно 85 фудбалери со 100 погодоци во елитната италијанска лига. Сега ја дели позицијата со Марек Хамшик и Пиерино Прати, а стои на еден погодок од Дриес Мертенс од тимот на Наполи.
Ова е уште едно фантастично достигнување во кариерата на еден од најдобрите македонски фудбалери на сите времиња.
Да се потсетиме каков беше првиот гол што го постигна Горан Пандев на 07.12.2003 година како член на Анкона. Во тоа време пред 18 години тогаш непознатиот Горан Пандев, го даде својот прв гол во Серија А, и тоа на гостувањето кај Болоња. Неговата тим Анкона загуби со 3:2, но вечно ќе се памети првенецот на струмичанецот Пандев во Серија А.
Moжеби ќе ве интересира: