Со контроверзен гол во последната секунда ракометарите на Борец се поразени во Гостивар од екипата на Јехона со резултат 30:29. Натпреварот го одбележа трите директни црвени картони кои беа покажани за играчите на Борец. Поцрвенеа Ристовски, Атанасовски и Лазаревски.
Во почетните минути се играше израмнето се до средината на првото полувреме кога Јехона имаше добар период и поведе со 12:6. До крај на првиот дел продолжи доминацијата на домаќините и на полувреме имаа високи 17:9.
Содржината продолжува под рекламата
Иако се чинеше дека домашниот тим има целосна контрола и лесно ќе стигне до победата не беше така. Борец во продолжението полека ја топеше негативата и мечот влезе во неизвесна завршница. Гостите во последните минути играа пресинг што им овозможи да израмнат, но Живкоски со гол во последните моменти од дуелот донесе триумф на Јехона.
Содржината продолжува под рекламата
Најефикасен во тимот на Борец по пет гола постигнаа Минов, Стојанов и Атанасовски, додека кај домашните најефикасни беа Бојан Марковски со шест гола, додека пет постигна Селмани.
Погледнете ја самата завршница од натпреварот Јехона – Борец.
Можеби ќе ве интересира: