(ВИДЕО) Ракометарите на Борец со високи амбиции во претстојната сезона

Со натпреварот кој во недела ќе се одигра во Гевгелија, стартува ракометната сезона на РК Борец кој ќе игра против екипата на Партизан.

Zito akcija 640x289px

Управата на РК Борец беше доста активна ова лето, беа донесени неколку засилувања, а на клупата има ново име, Игор Тодоровски. Оваа сезона клубот ќе се натпреварува во Првата ракометна лига Група А. Амбициите на клубот се пласман во плеј офот.

Agria

“Очекувањата на управата,на тренерот, на екипата, е влез во плеј офот, односно меѓу првите четири екипи во групата. Искрано се надевам на прво или второ место во оваа група. Со оглед дека новите играчи кои дојдоа во клубот се велешани, ги знаеме од пред тоа, лесно се вклопија во екипата, хемијата е на високо ниво, и тие секако ќе бидат голема помош, изјави Кире Мачавелов,капитен и помошник тренер на РК Борец.

„Нашите очекувања се да влеземе во плеј офот и да направиме што е можно поголем успех. Во тимот ни се приклучија многу нови играчи, и тие многу лесно се прилогадуваат во клубот. Во недела очекуваме да победиме на натпреварот во Гевгелија, изјави Илија Табаков ракометар на РК Борец.

Од клубот ги потсетуваат сите симпатизери, кои досега не купиле сезонски билети за натпреварите од новата сезона, дека тие можат да се купат од просториите на клубот секој работен ден после 16 часот. Сезонските билети за сите натпревари кои екипата ќе ги одигра во салата „Гемиџии“ во Велес чинат само 400 денари, додека карта само за еден натпреавр ќе чини 50 денари.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/23765/dve-godishno-dete-pochinato-od-kovid-19-vo-veles-ist-broj-na-novozarazeni-i-ozdraveni/