„Сакам сè“ е нов сингл на Славица Ангелова, еден од најдобрите женски вокали во Македонија, извонреден изведувач, кој полека, но сигурно, ја освојува нашата музичка сцена. Музиката, текстот, аранжманот, миксот и мастерингот и видео спотот ги направи Темелко Андреев.
“Ова не е песна за бенд, ова е песна за цел оркестар, кој и покрај големината, ќе изгледа премало во споредба со изведбата и сјајот на Славица. Песната раскажува за тоа дека вистинската љубов гледа секогаш на доблестите, а не мааните, дека кога љубиш некој, го љубиш целосно и таков каков што е. Зборува за тоа дека се има своја убавина, за свесноста дека никој не е совршен, за тоа дека сјајот на сонцето не би бил толку силен без темнината на облаците, дека срекните моменти не би ги доживувале како срекни без болката во тажните…, за измамата која ја сервираат нашите привремени емоции сликајки една толку мрачна слика за оној/онаа во кој/а сме заљубени мамејки не да поради минорни проблеми, да оставиме да потоне една вистинска љубов“ раскажува Темелко Андреев за новата песна на Славица Ангелова.
Во продолжение, погледнете го спотот и слушнете ја песната:
Можеби ќе ве интересира: