(ВИДЕО) Се ребрендира новиот ракометен суперлигаш од Велес

FRuitlend Borec sezona 24 25 trening

Фруитленд Борец е новото име на новиот ракометен суперлигаш од Велес. По убедливиот пласман во елитното натпреварување со максимален број освоени бодови во Првата лига, клубот се ребрендираше, па сега во новата сезона ќе настапува со ново име.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Батали.нет разговараше со сопственикот на клубот Жарко Ѓошевски за очекувањата во новата сезона.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Бaтали.нет: Фруитленд од годинава ќе настапува во ракометната Супер лига и е ребрендиран?
Жарко Ѓошевски: Оваа година, за наша среќа и за среќа на велешани ќе имаме ракометна Супер лига и во нашиот град. Првиот натпревар ќе ни биде со актуелниот шампион, екипата на Еурофарм Пелистер и ќе биде многу интересно за градот. Веќе сме во процедура за ребрендирање на клубот т.е. менување на името и новото име ќе биде Фруитленд Борец. Се надевам дека за првиот натпревар ќе успееме да ги средиме сите процедури, но доколку не успеем за првите два натпревари да успееме, за натпреварот на домашен терен секако ќе бидем со новото име.

Бaтали.нет: Како се приближуваат деновите до стартот на сезоната секако и возбудата е се поголема. Како се чуствувате?
Жарко Ѓошевски: Не можам да опишам, ова прашање ќе ми го поставите после натпреварот со Еурофарм Пелистер. Иако пред овој натпревар имаме две гостувања, нашата цел е домашниот терен, и нашите очекувања се да имаме најдобри резултати на домашен терен во Велес.

Бaтали.нет: Од непроценливо значење ќе биде искуството за овие играчи играњето против најдобрите во Македонија. Годинава ќе се брка опстанокот?
Жарко Ѓошевски: Оваа година нашата цел е опстанок во лигата, да се изградиме како стабилен клуб, и финансиски така и на други полиња, за да наредната сезона имаме многу поголеми амбиции, но за тоа чекор по чекор.

Можеби ќе ве интересира:



Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: