(ВИДЕО) Селекторот Лазаров ги собра репрезентативците, меѓу нив и велешанецот Костадин Петров

Kostadin Petrov
Фотографија преземена од порталот Gol.mk

в Ракометната репрезентација на Македонија традиционално на почетокот на 2022 година повтрно ќе биде дел од ракометниот крем на стариот континент и ќе учествува на Европското првенство во Словачка и Унгарија.

Zito akcija 640x289px

По завршување на собирот македонската репрезентација со организиран превоз замина за Маврово каде ќе биде одработен првиот дел од подготовките. За време на припремниот период пред настапот на Европското првенство во Унгарија и Словачка, македонската селекција во која е и велешанецот Костадин Петров, ќе одигра пријателски контролни натпревари со машките сениорски репрезентации на Кувајт и Израел.

Agria

Натпреварите со Кувајт ќе бидат вклучени во рамките на првиот дел од припремиот период во Маврово на 27 и 29 декември, додека контролните натпревари со репрезентацијата на Израел ќе бидат одиграни во Скопје во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ на 3 и 4 јануари 2022 година.

Македонската репрезентација на ЕП се натпреварува во група А заедно со националните селекции на Данска, Словенија и Црна Гора,  а дуелите ќе бидат одиграни во „Фоникс Арена”во Дебрецен, Унгарија. Отвораме со Словенија на 13 јануари, потоа на 15 ќе се судриме со Црна Гора, додека последниот меч од групната фаза го играме на 17 јануари со Данска.

Да потсетиме, велешанецот Петров е член на ракометниот клуб Металург, со кој има потпишано договор на две години. Тој во предсезонскиот дел напорно работеше на подигнување на својата форма во велешкиот фитнес центар Лазариус.

Петров во меѓувреме беше дел од Пелистер, шпанската Гвадалахара и романскиот тим Сучеава, каде имаше солидни настапи.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/26141/kosta-petrov-se-povleche-od-funczijata-direktor-na-fondot-za-inovaczii-i-tehnoloshki-razvoj/