(ВИДЕО) Штрајк во „Колска“, вработените три месеци се без плата

kolska
kolska

Неброено многу вагони на Македонски железници биле поправени од велешанецот Васил Златанов. Тешката работа во велешка Колска оставила последици по неговото здравје. И кога, по 41 година поминати во оваа државна фирма, Златанов треба да се лекува, она што го двоел цел живот за здравствено осигурување, сега не може да го користи.

Zito akcija 640x289px
Vasil Zlatanov Kolska

„Колкот ми е за менување, во оваа состојба доаѓам на работа, поради тоа што немаме здравствено осигурување засега не одам на доктор“, рече Васил Златанов.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Сметката на Колска е блокирана. Вработените веќе три месеци немаат плата. Златанов е само еден од 87-те вработени, кои се и без пари и без здравство. Од денеска се во штрајк. Раскажуваат дека проблемите со кои со години се соочува оваа фирма, тројно го намалиле бројот на вработени, чија просечна возраст е преку 55 години. Неизвесноста го зема данокот.

Содржината продолжува под рекламата

„Пред една година добив инфаркт, немам за лековите да си ги земам и пет пати ги одложувам контролите во Скопје, поради тоа што здравството не ни е платено“, рече Петре Урумов.

Petre Urumov kolska

Колска е компанија која ги одржува вагоните на Македонски железници. Земаат плата кога добиваат работа. Но, долговите низ годините се трупале, па така, само за ДДВ, на УЈП и должи околу еден милион евра. Тоа е пречка работниците да земат плата, оти парите за она што го сработиле во последните три месеци, сега ќе им ги земе државата. 

„Бараме државата да го реши случајот со УЈП, да се договорат управителите да се исплаќа на рати, ние не бегаме од тоа, но да биде некоја разумна сума, што ќе може да ја исплаќаме“, рече Тони Арсовски претседател на синдикалната организација.

Toni Arsovski Kolska

Раководството на Колска досега успевало преку цесии да им исплати плата на работниците. Но, таа опција не е прифатлива за дел од нивните клиенти. Управителот Митко Јанков вели дека ниските цени по кои ги поправале вагоните на железници ги довело во ваква ситуација.

„Со поддршка на Владата како единствен сопственик на фабриката, корегирана е цената на извршената ревизија на вагоните, со што сметаме дека ќе можеме да ги плаќаме тековните обврски спрема УЈП и дел од останатиот долг“, рече Митко Јанков, управител на „Колска“.

Тие го молат УЈП да им излезе во пресрет и да им даде предлог за исплата на долгот на рати, кои Колска ќе може да ги поднесе. Работниците се на работ на егзистенција. Раскажуваат за трагичните судбини на нивни колеги, кои нервозите на работа ги платиле со живот. Најавија дека ако до утре не им се исплати плата, веќе во четврток ќе го блокираат железничкиот сообраќај, во надеж дека државата ќе се заинтересира за трајно решавање на проблемот на единствената фабрика во земјава која ги поправа железничките вагони.

Извор: Телевизија 24

Moжеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: