Фудбалерите на велешки Борец со нетрпение го очекуваат дуелот од второто коло на ПМФЛ против Ренова (недела, 17 часот), на градскиот стадион „Зоран Паунов“ во Велес. Атмосферата во клубот е на највисоко ниво, по победата против Вардар на стартот на првенството. За жал, поради пандемијата на коронавирус, сите натпревари се играат без публика. Ова најмногу ги погодува велешани, кои претходната прекината сезона беа убедливо најпосетуваниот клуб во првата лига во земјава.
Еден од милениците на домашната публика е играчот за врска на Борец, 26-годишниот велешанец Трајче Трајков. Во својата анализа за претходниот натпревар со Вардар, Трајков жали што Борец не ги реализираше шансите и не славеше со поголема разлика. За натпреварот со Ренова во недела, тој очекува тежок натпревар, сличен на оној од претходната сезона, кога Борец славеше минимално со 1:0, но се надева на нова победа за својот тим.
Погледнете ја изјавата на Трајче Трајков:
Можеби ќе ве инересира: