(ВИДЕО) Трамп со хеликоптер пренесен во болница

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој е позитивен на коронавирус, префрлен е во болница, откако неговиот лекар соопшти дека тој чувствува замор, има грозница и покачена температура.

Zito akcija 640x289px

Портпаролката на Белата куќа Кејли Мекнени информираше дека Трамп е префрлен во воената болница „Волтер Рид” во Бетазди, во Мериленд, од претпазливост и оти таму ќе престојува неколку дена.

Agria

На снимките од заминувањето на Трамп во болница се гледа дека тој е во добро расположение, иако со бавен од, во костум, со маска и со рака ги поздрави новинарите пред да влезе во хеликоптерот со кој беше пренесен во болница.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, кој е позитивен на новиот коронавирус, почна да зема антивирусен лек Ремдесивир. Не му треба „дополнителен кислород”.

Тоа го соопшти Шон Конли лекарот на 74-годишниот шеф на државата, кој се кандидираше за втор мандат, јавија американски медиуми.

Мекнени прецизираше дека по препорака на лекарите и здравствените експерти препорачале тој да работи од претседателските канцеларии во болницата Волтер Рид. Медицински експерт за Си Ен Ен рече дека возраста на Трамп (74) и прекумерните килограми го зголемуваат ризикот од хоспитализација при Ковид-19.

Функционер од Белата куќа потврди дека Трамп ќе ги извршува своите должности од специјалниот апартман во воената болница и не му ги пренел надлежностите на потепретседателот Мајк Пенс.

Според протоколот за континуитет на влада во случај претседателот да е оневозможен да ги извршува своите должности, надлежностите ги презема потпретседателот, а доколку не може ни тој, тогаш претседателот на Претставничкиот дом, или во случајов демократката Ненси Пелоси.

Шон Конли, личниот лекар на Трамп информираше дека го третирал претседателот со осум грама доза на експерименталниот коктел со антитела на Регенерон. Трамп исто така добил цинк, витамин Д, аспирин, мелатонин и лек против жиговина, за кој се смета дека помага во борбата против Ковид-19.

Преземено од slobodenpecat.mk

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/13427/borecz-deneska-protiv-shkupi-za-11-ti-mech-po-red-bez-prvenstven-poraz/