„Не, не сакам да ги земам овие пари, дајте ги на некој друг“ – вели бездомникот чичко Ванчо кому македонските јутјубери од шоуто Big Bucks одлучија да му дадат 20.000 денари, нова облека, топол туш и храна. Како животот на овој човек се промени во еден ден?
Како може да му го разубавите денот на некој човек кому му е потребна помош? Што значи големиот бакшиш за доставувачите на храна, а што значи на бездомниот човек да му пружиш помош кога му е најпотребна?
Содржината продолжува под рекламата
Big Bucks е ново YouTube реално шоу во Македонија кое се занимава со добротворна забава, а во видеата може да видиме како момците од шоуто се обидуваат да им го разубават денот на оние на кои што им е најпотребно тоа.
Содржината продолжува под рекламата
Во првото видео се гледа како реагира доставувач на храна откако доби бакшиш од јутјуберите во износ од 3.000 денари, како реагира питачот на крстосница откако од нив доби 650 денари, а што значат топлиот туш, потстрижувањето, облеката и храната за чичко Ванчо, кој години наназад живее без покрив над глава.
Чичко Ванчо во шоуто ја раскажува својата животна приказна, а вели дека во минатото работел како кранист, таксист, рудар, но заради слабиот вид во моментов не може ниту да работи, иако сака.Момците од шоуто најавија дека во вториот дел од шоуто ќе го однесат на лекар и ќе му помогнат да добие очила.
Македонските јујубери му дадоа околу 20.000 денари, а тој со солзи во очите вели дека би ги земал, но сепак не ја крие сопствената скромност, па ги замоли да ги дадат на некој друг кому му се попотребни.
„Сега и да умрам не ми е жал, затоа што знам дека во Македонија има луѓе“ – вели чичко Ванчо.
„Тоа е хартија што е само како алат за да преживееш и ако ја имаме треба да ја шириме со околината“ – велат момците.
Македонските јутјубери покажуваат колку малку е потребно за да им се помогне на луѓето што од различни причини се нашле на улица без покрив над глава, а чичко Ванчо најмногу се израдува на малото транзисторче на батерии на кое ќе може да слуша музика во иднина.
Во видеото погледнете ја приказната на чичко Ванчо и како македонските јутјубери успеаја да му го разубават денот:
Извор на веста: crnobelo
Можеби ќе ве интересира: