Kozuvcanka Web Banner_600x200 Srekna nova 2025

(Видео) Влегувам во седиштето на Твитер, имајте го тоа на ум

Ilon Mask
Ilon Mask

Илон Маск, сопственик на компанијата „Тесла“ и извршен директор на „Спејс Икс“, објави видео-снимка на која е прикажано како влегува во Твитер во пресрет на истекот на рокот за реализација на купопродажбата на социјалната мрежа за 44 милијарди долари. Притоа со себе носеше нешто што потсетуваше на порцеланско лавабо по што го смени и својот профил, опишувајќи се како „Главен твит“ (Chief Twit).

Zito akcija 640x289px

„Влегувам во седиштето на Твитер, имајте го тоа на ум“, твитна Маск, додавајќи дека запознал многу „кул луѓе“ во компанијата.

Извор за „Си-Ен-Би-Си“ потврди дека Маск влегол во седиштето на компанијата во Сан Франциско и оти можела да се забележи загриженост меѓу вработените за случувањата во иднина. Дел од нив стравуваат дека по купувањето на Маск на Твитер, тој би можел „да запали се, ако посака“.

Вработените во Твотер биле известени за посетата на Маск, се наведува во мејлот кој го добија новинарите на „Си-Ен-Ен“ и на „Блумберг“. Испраќачот, кого „Блумберг“ го идентификува како шеф на меркетингот, Лесли Берланд, во мејлот напишал дека Маск ќе биде во седишето на Твитер до крајот на неделата, „дека ќе има состаноци со вработените, ќе биде во обиколка на канцелариите, а вработените да продолжат да си ја работат својата работа и доколку го сретнат, да го поздрават“.

Судот во Делавер му даде рок на Маск во петок во 17 часот да го реализира договорот за купување на социјалната мрежа од април, откако претходно се обиде да се повлече од зделката, за што доби тужба од компанијата. Минатонеделното рочиште беше одложено и на странките им беше оставено време до крајот на оваа недела да се договорат. Во спротивно, ќе биде одреден нов датум за судење во ноември.

Засега нема потврда дека договорот е склучен или ќе биде склучен ниту од Маск, ниту од Твитер.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: