(ВИДЕО) ВМРО ДПМНЕ бара времено да се укине наплатата за паркинг во Велес

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ реагира на одлуката да се наплаќа паркирањето на велешките улици. Тие денеска го повикаа градоначаникот Аце Коцевски и мнозинството од Советот на општината од, како што го нарекуваат, СДС, времено да ја повлече одлуката за зонско платено паркирање, додека не се создадат услови за тоа.

Zito akcija 640x289px

“ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш да се стопира одлуката за платен паркинг во Велес. Оваа одлука на градоначалникот и мнозинството во Советот на Општина Велес од СДС директно удира по џебот на граѓаните, не го решава проблемот со паркингот и дополнително ќе го зголеми сообраќајниот хаос во градот.

Текстот продолжува под рекламите

Agria

Во време кога народот постојано се осиромашува и му се наметнуваат постојано нови давачки кои само го празнат џебот на граѓаните, а истовремено луѓето остануваат на улица без работа, се носи одлука за тпочнување со плакање, ВНИМАВАЈТЕ на постоечките паркинг места во градот. СДС и нивната елита очигледно не се свесни колку корона кризата ги оштети граѓаните, а лошите политики со покачување на водата, акцизата на горивото, покачување на електричната енергија, воведување на еколошки такси само со една цел за да се покријат дупките во буџетот направени од недомаќинското работење, не доведе на граѓаните на работ на егзистенција.

Текстот продолжува под рекламата

Токму сега одлучија дека треба да воведат платен паркинг, на 3 месеци пред избори? Треба ли ние граѓаните да го платиме згрижувањето на 20тина вработени партиски послушници за да има кој да ја трча нивната кампања?

Пред 4 години кога ја бараа нашата поддршка и поддршката на граѓаните не спомнаа ниту еден збор дека паркинг просторот во градот планираат да го наплаќаат, напротив ветуваа капитални инвестиции со изградба на две катни гаражи.

Излажаа, не обезбедија ни катна гаража ниту пак нови паркинг места, дури воопшто не го ни обележаа паркинг просторот кој го планираат за наплаќање. Дополнително е смешна одлуката во која се гледа нестратешкиот пристап и потребата само за полнење на буџетот поради тоа што по целата должина на главните улици – Благој Ѓорев и 8ми Септември не може да се наплаќа паркинг просторот, ама за сметка на тоа ќе им се наплаќа на граѓаните пред нивните домови.

Покрај тоа што не добија поддршка за ваква одлука на избори не почувствуваа ни потреба за да ги прашаат Велешани, што мислат за тоа. He консултираа ниту еден експерт, не направија соодветна студија и не отворија јавна дебата.

Ова однесување покажува дека воопшто не им е грижа за нас граѓаните, за нашето мислење и нашата финансиска способност да издржиме дополнителен трошок.

Затоа треба веднаш да се донесе одлука за привремено стопирање на наплатата на паркинг услуги, да се обезбедат паркинг места и да изготват квалитетни сообраќајни решенија бидејќи Велес знаеме дека е град со специфични улици и патишта на кои во изминативе години СДСМ не успеа ниту дупките да ги пополни”, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес.

Од вчера во Велес почна да се наплаќа паркирањето, кое е поделено во три зони, а во зависност од зоната, еден час чини, 10, 20 или 30 денари.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/22650/53-vozachi-sankczionirani-za-prebrzo-vozene-na-teritorija-na-svr-veles/