Од Фудбалската Федерација на Македонија денеска потврдија дека градскиот стадион во Кавадарци ќе добие целосно нов изглед.
ФФМ ќе вложи 300.000 евра за реконструкција на јужната и северната трибина на стадионот на ФК Тиквеш. Потоа во соработка со општина Кавадарци ќе бидат обновени и модернизирани соблекувалните и останатите простории во рамките на стадионот.
Првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини ја потврди реконструкцијата на стадионот и изрази благодарност до градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
„За кратко време го поминавме патот од идеја до реализација. Сите знаеме колку стадионот и ФК Тиквеш значи за градот Кавадарци. Исклучитено сме задоволни од досегашниот тек на активностите, напредокот веќе е видлив, а следната пролет ќе ја видиме целосната слика од Градскиот стадион. ФФМ обезбеди средства за изградба и реконструкција на трибините на стадионот, а заедно со општината ќе продолжиме да создаваме услови за подобрување на фудбалската инфраструктура. Благодарност до градоначалникот Јанчев и неговата администрација за обезбедувањето на сета потребна документација и можноста да започнеме со реализација на проектот во најкраток рок“, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.
Преземено од derbi.mk
Можеби ќе ве интересира: