Во соседна Србија денеска пристигна првата пратка од вакцината против коронавирусот на „Фајзер“ и „Бионтек“.
Како што јавија српските медиуми, во оваа пратка што пристигна утрово на белградскиот аеродром има 4.800 дози од вакцината, а први ќе ја примат лицата од старските домови.
Авионот со вакцините на белградскиот аеродром слетал порано од предвиденото, а вакцините се веќе превеземени, односно истоварени, а Србија е првата земја во регионот во која пристигна вакцината на компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“.
Во Србија од почетокот на епидемијата се потврдени 303.747 случаи на Ковид-19 и 2.733 смртни случаи.
Можеби ќе ве интересира: