(ВИДЕО) Воз кој стои на преминот кај мостот Гемиџии ги отсече двете страни на Велес

Товарен воз кој веќе подолго време стои на пругата во центарот на Велес, кај мостот Гемиџии, направи хаос во сообраќајот и ги отсече двете страни на Велес. Засега е непознато дали се работи за дефект на возот. Полицијата го пренасочува сообраќајот преку Стар мост.

Zito akcija 640x289px

Последниве денови често се случува возот на преминот кај мостот Гемиџии да помине, а рампата да не се спушти. Така беше и денеска, кога цел ден возот поминуваше на крената рампа. Граѓани на социјалните мрежи постојано објавуваат фотографии и снимки, предупредувајќи на внимание.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

За среќа, возовите кои поминуваат на отворена рампа се движат со минимална брзина и постојано предупредуваат со сирена. Ваквата ситуација е недозволива и Македонски железници мора да го решат проблемот кој често се појавува на градските железнички премини, коментираат велешани.

Содржината продолжува под рекламата

И порано се случуваше возовите да поминуваат на отворени рампи. Речиси секогаш од Македонски железници велеа дека украден кабел за сигнализација и за контрола е причината за неспуштањето на електричните рампи во Велес.

https://www.facebook.com/lazarrakidziev.lazarrakidziev/videos/465188511413155

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: