По потпишувањето на договорот со Косово во Белата куќа, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пред новинарите зборуваше за подароците што ги добил од американскиот претседател Доналд Трамп – пенкало, порака на хартија и, како што рече, клучеви од Белата куќа.
„Ова е пенкалото кое го добив од Доналд Трамп, само тој потпишува со него, како што ми напиша порака на хартивче. Добив клучеви од Белата куќа. Ми кажа: Ова ти е секогаш да можеш да влезеш во Белата куќа“ рече Вучиќ.
President Vučić of 🇷🇸 claims that after toден.'s meeting with Donald Trump he got a pen "Trump uses to sign things", a "message on a piece of paper," and "keys to the White House so that he can always enter it."
— Aleksandar Brezar (@brezaleksandar) September 4, 2020
Sure, buddy. Betcha it was so.pic.twitter.com/Sow1RDvsDc
И американскиот претседател Доналд Трамп им се заблагодари на претседателот Вучиќ и на косовскиот премиер Хоти на постигнатиот договор за економска соработка меѓу двете земји.
Another ден. everyone thought would be impossible! Congratulations to @predsednikrs Vucic of Serbia and PM @Avdullah Hoti of Kosovo on committing to #EconomicNormalization! This is a major step forward…
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) September 4, 2020
Можеби ќе ве интересира: