(ВИДЕО) Запознајте ги актерите во новиот македонски филм „Стела“

Велес доби ново кино. Салата „Бели Мугри“ која се наоѓа во рамките на локалната библиотека „Гоце Делчев“ од саботата е мултимедијален центар „Бели Мугри“. Честа да ја има првата проекција, ја имаше новиот детски и семеен филм „Стела“, на режисерот Стојан Вујчиќ.

Zito akcija 640x289px

Општината набави пакет за дигитално кино DCP кој вклучува проектор, перфориран екран за кино прикажување со вкупна површина од 27,54 м2 и 5.1 сараунд систем за озвучување. Сцената во салата е прилагодена за кино и мултимедијални настани. Завршени се градежните и занаетчиски работи за прилагодување на салата и бината. Целиот проект е во вредност од 76.430 евра.

Agria
Image may contain: 3 people, people standing and indoor

На отворањето на новото кино присуствуваше и дел од филмската екипа на „Стела“, заедно со истоимената шарпланинка. Велешани имаа прилика да го погледнат филмот, но и одблиску да се запознаат со нив, а потоа да уживаат на концерот на групата „Љубојна“, чиј фронтмен Оливер Јосифовски е и авторот на музиката за „Стела“.

Дел од „Стела“ се и двајца велешани, монтажерот на филмот Данчо Стефков и дресерот на шарпланинката Стела, Ристе Гиовски. Батали.нет присуствуваше на светската премиера на „Стела“, која се случи минатиот месец на отворањето на филмскиот фестивал „Синедејс“, каде што успеавме да поразговараме со главните актери од филмот. Погледнете ги нивните приказни.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/13216/video-koi-se-veleshanite-koi-imaat-znachajna-uloga-vo-sozdavaneto-na-filmot-stela/