Здравствени работници претпладне во тек на паузата протестираа пред Општата болница Велес, барајќи усогласување со промените на минималната плата.
Содржината продолжува под рекламата
Тие побараа порамнување на минималната плата според новото покачување од Колективниот договор од 2022 година.
Содржината продолжува под рекламата
„Според одлуката на Самостојниот синдикат за здравство, која е донесена во понеделникот, на состанок на Самостојниот синдикат, во која се изразува незадоволство од каснење на платата за месец јануар и незадоволство од непочитување на анекс измените во колективниот договор, кој што е поврзан со минималната плата од мината година. Така да настана проблем, каде што платите на медицинските сестри со средно образование се изедначија со оние кои се со основно образование. Истиот проблем ќе се продлабочи со новото зголемување на минималната плата најавено за март оваа година“, изјави д.р. Љупчо Леов.
Можеби ќе ве интересира: