(ВИДЕО) ЖФК Борец со три нови засилувања

zfk borec isturna vrne

Екипата ЖФК Борец од Велес ги стартуваше подготовките за продолжение на пролетниот дел од сезоната. Тимот на тренерот Тоше Нацев и официјално со три нови засилувања.

Zito akcija 640x289px

Во екипата на велешани пристигнаа Јана Ацковска, Елма Шемсовиќ и Теодора Георгиевска.

Agria
zfk borec

За потсетување, велешани имаат и нова управа која со многу ентузијазам влегува во овој проект.

Претседателот на клубот Рикардо Илиев, претходно за батали.нет рече дека прв приоритет на клубот ќе биде да се обезбеди опстанокот во елитата, а потоа ЖФК Борец да атакува и за шампионската титула.

„Влегуваме во овој проект со голем ентузијазам, а позади клубот веќе финансиски застанаа неколку велешки фирми како Рибник Оморани, злататара Голд Краун и заложна куќа Севен. Имаме големи планови, па дури и ЖФК Борец да се натпреварува елитното друштво во Лигата на шампионите“, рече претседателот на клубот Рикардо Илиев.

Во моментов ЖФК Борец по завршувањето од есенскиот дел се наоѓа на 11 место.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/17586/edi-rama-pochnuvame-so-vakczinaczija/