Со Синовак не можеме да патуваме во странство. Ваков одговор добиле медицинските лица од жителите на селата Горно и Долно Јаболчиште во општина Чашка, кога тие пристигнале во нивните села да ги вакцинираат. Од неколку илјади жители на овие села, се вакцинирале едвај шестмина. Лекарите велат дека вакцинацијата не е задолжителна, но потенцираат дека здравјето на граѓаните е поважно од се.
„Не ја сакале оваа вакцина „Синовак“ што моментално ја работиме, сакале „Фајзер“. Тоа беше одговорот и разговорот. Жално е доктор, сестра, возач да поминат 60 километри на лице место, на горештини од преку 40 стпени, залудно да отидат, за шест граѓани да бидат вакцинирани, а таму има преку две илјади жители. Моментално, на територијата на цела држава се работи со вакцината „Синовак““, рече др. Пандели Божиков, раководител на службата за имунизација во Здравствен дом Велес.
Текстот продолжува под рекламите
На иста линија е и градоначалникот на Општина Чашка Горан Стојановски. Тој е задоволен од одзивот на теренската имунизација на жителите од неговата општина. Но, и тој апелира граѓаните што по масовно да се вакцинираат.
Текстот продолжува под рекламата
„За да патувате треба да сте здрав. Затоа, пред се, е најбитно граѓанките и граѓаните да се вакцинираат, а потоа ќе имаат можности да патуваат“, рече градоначалникот Горан Стојановски.
Веќе петти ден се одвива теренската имунизација во велешко. Во населба Чашка, вчера се чекаше ред за вакцина. Граѓаните на кои не им бил закажан термин или кои воопшто не аплицирале, деновиве се вакцинираат со кинеската Синовак. Задоволни се што за вакцина не мораат да патуваат до Велес.
„Многу подобро е вака, за да не мораме да патуваме по овие горештини до Велес“, рекоа граѓаните кои чекаа на ред или веќе се вакцинираа.
Од службата за имунизација во Здравствениот дом во Велес велат дека дневно на терен се вакцинираат помеѓу 70 и 100 луѓе.
Можеби ќе ве интересира: