Наќе Чулев досегашниот технички министер за внатрешни работи, денеска ја напушти функцијата и министерското место му го предаде на досегашниот заменик-министер, Агим Нухиу.
„По денешното примопредавање на должноста, согласно постоечките законски одредби, Нухиу ќе раководи со министерството до изборот на нова Влада, односно до изборот на нов министер за внатрешни работи“, соопштија од МВР.
Мандатот на Чулев како технички министер, согласно Законот за Влада, заврши денеска со објавување на конечните официјални резултати од изборите. Покрај неговиот мандат како министер за внатрешни работи заврши мандатот и на дополнителната-заменик министерка, Славјанка Петровска.
Можеби ќе ве интересира: