Полицијата во Вашингтон завчера застрела Афроамериканец откако невиден бран протести против расизмот и полициското насилство се прошири низ целата земја.
„Нема да остане само така, не дозволувајте медиумите да молчат за случајот“, истакна локалниот огранок на движењето Црни животи, повикувајќи на протест.
Сепак, во американските медиуми набрзо потоа се појави видео на кое се гледа како убиеното момче мафта со пиштол и друго оружје.
Снимката која наводно била симната од Инстаграм профилот на убиеното момче пред да биде деактивиран, вклучува видео снимка на која може да се види како тинејџерот заедно со својот пријател мафтаат со оружје и слушаат музика во автомобил.
Можеби ќе ве интересира: