Видиќ ја повлече кандидатурата за претседател на ФСС

Nemanja Vidic
Nemanja Vidic

Драган Џајиќ ќе биде новиот претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС), откако Немања Видиќ се повлече од трката. И двајцата се легенди на српскиот фудбал, а се чини дека ден пред изборите во ФФС на Видиќ му стана јасно дека ќе биде поразен.

Zito akcija 640x289px

„Има големи предизвици пред нашиот фудбал. Многу работи мора и можат да бидат подобри. Мојата идеја беше и останува да соберам тим од врвни професионалци кои се способни да ги решат овие предизвици подобро од можеби било кој во Европа. За жал, на секој чекор на патот да станам претседател јасно ми беше ставено до знаење дека нема да ја добијам таа шанса“, рече Видиќ.

Agria

„Дефинитивно не сум оптимист што ќе направат со можноста што ја искористија и мислам дека за четири години ќе биде уште потешко од денес. Повлекувањето на мојата кандидатура не значи дека се откажувам од српскиот фудбал. Верувам во мојот тим и нашата визија и за големата помош која ќе ја добиеме од нашите пријатели од врвот на европскиот и светскиот фудбал“, додаде Видиќ и се заблагодари за поддршката.

„Исклучително ми е драго што почувствував голема поддршка од народот. За жал, тие не одлучуваат и немаат право на глас. Сакав да се обединиме, а не да поделиме. Сакав да бидам решение, а не проблем“.

Можеби ќе ве интересаира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: