Времето денеска ќе биде сончево со мала, во северозападните и западните делови умерена облачност, која до крајот на денот ќе се зголеми и прошири и во останатите делови.
Во текот на ноќта кон недела во северозападните делови ќе има слаби локални врнежи од дожд и снег. Во источните делови ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -2, а максималната ќе достигне од 4 до 13 степени.
Утре не очекува сончево со мала до умерена облачност. Претпладне ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а попладне од јужен правец. В понеделник попладне ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. Во текот на ноќта кон вторник врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Се очекува пообилни да бидат во западните делови.
Температурите во следните денови ќе бидат повисоки, освен во вторник кога ќе дува засилен северен ветер.
Можеби ќе ве интересира: