Со натпреварите од првото коло, викендов започнува новата сезона од Првата ракометна лига. Во ова натпреварување настапуваат двете велешки екипи Борец и Бисинов Фруитленд.
Содржината продолжува под рекламата
Екипата на Бисинов Фрутленд влегува засилено во новата сезона, а за таа цел за клубот потпишаа седум ракометари од кои повеќето се велешани. Амбициите се влез во Суперлигашкото ракометно друштво. Тие се најдоа во групата „Б“ и во првото коло се слободни.
Содржината продолжува под рекламата
Со каков состав ќе настапи на првиот натпревар составот на Борец е непознаница за ракометните познавачи. Тие се во групата „А“ и во недела со почеток од 12 часот ја пречекуваат екипата на Драчево.
Можеби ќе ве интересира: