Викендов три случаи на семејно насилство во Велес

semejno nasilstvo

Полициските службеници на СВР Велес имаа полни раце работа викендов. Вчера кај нив биле пријавени три случаи на семејни насилства.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„На 11.06.2023, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Ф.Д.(37) од Велес затоа што во неговиот дом физички ја нападнал неговата невенчана сопруга. Лицето било задржано во полициската станица во Велес и по целосно документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок“, известија од СВР Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„На 11.06.2023, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Р.С.(25) од Велес затоа што по кратка расправија физички ја нападнал неговата сестра“.

„На 11.06.2023, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Г.Т.(34) од Велес затоа што во семејниот дом во Велес се заканил на неговиот татко“.

Лицата биле задржани во полициската станица во Велес и по целосно документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/38987/gorivata-poskapuvaat-za-15-denari/