Викимедија МКД организира прослава за денот на Википедија

Википедија полни 23 години! Проектот „Википедија“ и идејниот концепт за истиот се родени пред точно 23 години, на 15 јануари 2021 година, кога Џими Вејлс и Лери Сангер дошле до идеја да ја основаат најпозната смрежна енциклопедија во светот.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Викимедија МКД организира прослава за денот на Википедија. Поточно,  во понеделник на 15 јануари 2024 година во 19:00 часот во кафе-барот „ Пјаца Либерта“ во Скопје, Викимедија МКД организира роденденски собир. Настанот се одблежува на денот кога е основана Википедија, односно англиската верзија на Википедија, која воедно е и првата верзија на оваа повеќејазична енциклопедија.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Википедија денес е седма најпосетувана мрежна страница на Интернет и е достапна на 326 јазици. Таа се одржува и обновува со помош на огромна заедница на уредници-волонтери, кои се потпираат на повторувачки процес на објавување и коригирање. Се проценува дека 250.000 луѓе низ светот придонесуваат на „Википедија“, а месечно се проценува дека има 22 милијарди посети.

Можеби ќе ве интересира: