Виларов со тројка на 12 секунди пред крајот донесе победа за Борец Баскет

Borec Basket Mega Basket

Со тројка на 12 секунди пред крајот на натпреварот на Виларов, Борец Баскет ја забележа 11 победа во првенството против екипата на Мега Баскет од Прилеп со резултат 75:74. Со оваа победа прктички велешани обезбедија сигурен пласман во плеј оф разигрувањето за влез во Првата лига.

Zito akcija 640x289px

Доста возбудлив и изедначен натпревар на кој беа постигнати вкупно 20 тројки, по 10 на двете страни. Првиот дел го добија гостите по одличната игра во втората четвртина. Велешани заиграа подобро во паузата и веќе на крајот на третата четвртина која ја добија со 23:12, го свртија резултатот во своја корист. Гостите не се предадоа па до крајот се водеше тешка битка на теренот која домаќинот ја доби на 12 секунди пред крај на натпреварот.

Agria

Најефикасен во победничкиот табор беше Штерјов со 23 поени, Виларов постигна 17 поени, додека на спротивната страна прво име беше Јаневски, кој впиша 21 поен. Борец Баскет по 19 одиграни кола има учинок од 11 победи и осум порази, а Мега Баскет останува на скор од шест победи и 13 порази.

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: