Кошаркарите на Борец Баскет го претрпеа и петтиот пораз оваа сезона. Тие беа високо поразени од екипата на Баскет Кам, во рамките на 12 коло од Втората кошаркарска лига.
Во директен дуел кој го дава носителот на позицијата 4, последната која води во доигрувањето, тие беа совладани со високи 17 коша разлика 66:49.
Во евентуално „порамнување“ на истекот на регуларниот дел, односно исто бодовно салдо, тимот од Македонска Каменица ќе биде пред оној од Велес.
За одбележување е првиот пораз на екипата на Ангели, која досега беше со ореолот на непобедлива. Тие загубија на гостински терен од младиот тим на Феникс 2010 со резултат (76:83).
Во следното коло Борец Баскет ја пречекува екипата на Струмица, која се наоѓа на седмото место.
Можеби ќе ве интересира: