Ракометарите на Фруитленд Борец изгореа во желбата за што подобро претставување пред велешката публика, на дебитантскиот настап на домашен терен во ракометната Супер лига. Шампионот, Еурофарм Пелистер беше преголем залак, па беа убедливо совлада со резултат 21:41.
Содржината продолжува под рекламата
Уште од самиот старт гостите од Битола поведоа со 6:1, но домашниот соста, по неколкуте грешки во нападот почна да им парира на битолчани. Клучно беше исклучувањето на Тоше Ончев, по што резултатската предност за гостите постојано се зголемуваше. На полувреме се замина со плус 11 за Пелистер 20:9.
Содржината продолжува под рекламата
Во вториот дел домашниот состав продолжи со многуте неизнудени грешки во нападот, а во одбраната немаа решение за Филип Кузмановски кој постигна 13 погодоци. Сепак на крај заслужена победа за Еурофарм Пелистер од 41:21.
Филип Кузмановски беше најефикасен со 13 погодоци, додека кај велешани се истакна ветеранот Ивица Илиев со осум гола на своето конто. Во следното коло Фруитленд Борец гостува во Скопје кај екипата на Пролет.
Можеби ќе ве интересира: