Висока бројка на нови заразени пациенти во Велес во изминатото деноноќие

Veles Januari 2022
Veles Januari 2022

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 3.513 теста, а регистрирани се 1.117 нови случаи на Ковид-19, и тоа во:

Zito akcija 640x289px

Скопје – 575, Велес – 63, Куманово – 56, Битола – 54, Кавадарци – 44, Струмица – 38, Кичево – 33, Тетово – 32, Прилеп – 29, Гостивар – 24, Охрид – 20, Радовиш – 17, Гевгелија – 16, Штип и Неготино – по 15, Кочани – 12, Струга и Дебар – по 11, Ресен – 10, Крива Паланка – 9, Кратово – 5, Свети Николе, Берово и Валандово – по 4, Делчево и Богданци – по 3, Виница, Пробиштип и Крушево – по 2, Демир Хисар, Демир Капија, Македонски Брод и Пехчево – по 1.

Agria

Од вкупниот број позитивни (1.117), регистрирани се 154 реинфекции.

Регистрирани сe 1.059 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 735, Куманово – 70, Битола – 49, Прилеп – 36, Тетово – 31, Охрид – 23, Гостивар – 20, Кичево – 17, Струга – 14, Штип – 13, Ресен и Радовиш – по 9, Кочани – 8, Струмица и Крива Паланка – по 6, Дебар и Демир Хисар – по 4, Делчево и Крушево – по 2, Валандово – 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 14 починати лица: 8 од Скопје (66, 75, 75, 76, 77, 81, 82 и 85), две од Битола (68 и 78) и по едно од Куманово (89), Прилеп (80), Виница (72) и од Неготино (65). Од пријавените лица, 13 се починати во болнички услови, а едно во домашни услови.

Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, дополнително се пријавени 8 починати лица од: Скопје (2), Штип (1), Радовиш (1), Битола (1), Тетово (1), Делчево (1) и Богданци (1). Починатите лица се на возраст од 66 до 86 години. Лицата се пријавени во периодот од 3.2. до 15.2.2022. Од починатите лица, 4 се починати во домашни услови, а 4 во болнички услови.

Од вкупниот број починати лица, кај 21 лице се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјата се направени вкупно 1.859.233 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 290.915, бројот на оздравени пациенти е 273.243, на починати е 8.851, а бројот на активни случаи изнесува 8.821.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: