Вкупно 16 лица се повредени во сообраќајката на регионалниот пат Велес-село Извор

Soobrakajka selo Izvor

16 лица се повредени, од кои две се пренесени на лекување во Клиничкиот центар во Скопје, во вчерашната  сообраќајната несреќа на регионалниот пат Велес-село Извор.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Како што информираат од СВР Велес, вчера во 14:50 часот било пријавено дека на регионалниот пат Велес – село Извор во близина на крстосница за село Војница се случила сообраќајна несреќа во која учествувале товарно возило „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки управувано од 57-годишнот Б.Н. од Скопје и комби „Фолксфаген“ со велешки регистарски таблици управувано од 65-годишен О.Ј. од село Побожје, општина Чучер Сандево.  

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Како што појасни портпаролот на СВР Велес Билјана Ѓаковска, во несреќата со повреди се здобиле возачот на комбито и 13 патници, како и возачот на товарното возило и сопатникот во товарното возило, на кои им била укажана лекарска помош во Општата болница во Велес.  

Преостанатите 14 од вкупно 16 лица кои биле донесени во болницата се’ со полесни повреди, од кои некои се задржани, а некои по укажаната лекарска помош  ја напуштија  или до утре наутро ќе ја напуштат болницата и ќе си заминат дома. Со возило на Брза помош осум од повредените биле однесени на преглед во велешката Општа болница, а уште осум со приватни автомобили, информираше Левкова Ќулумова. 

По овластување на јавен обвинител увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Велес.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: