
Владата на денешната седницс треба да одлучи дали полицискиот час да почнува од 23 часот. Ова е еден од предлозите на комисијата за заразни болести , по кој ќе одлучува денеска Владата.
Исто така Владата треба да одлучи дали угостителите ќе имаат дополнителни два часа за работа и гости ќе може да имаат до 22:30, но само во отворените делови.
Оваа одлука се очекува да биде усвоена на денешната владина седница, а ќе започне да се применува од 5 мај (среда).Полицискиот час првпат беше воведен на 20 март.
Во последните 24 часа се направени 572 тестирања, а регистрирани се 62 нови случаи на коронавирусот.
Можеби ќе ве интересира: