Менаџерскиот тим на фабриката за шински возила „Колска“ ќе биде разрешен поради неиспорачување на резултати, вака одлучи Владата на денешната седница.
„На седницата е констатирано дека раководството на фабриката покажало негативни финансиски резултати во работењето и покрај тоа што на овој субјект му е доделена финансиска поддршка од страна на Владата“, соопштија од владиниот прес-центар.
Содржината продолжува под рекламата
Вработените од оваа фабрика денеска протестираа пред Владата барајќи исплата на заостанатите плати и решавање на проблемот со блокираната сметка на фабриката. Вчера, тие два часа го блокираа и патниот железнички сообраќај на железничката станица во Велес. Сметката на „Колска“ е блокирана поради заостанат долг од приближно 650 илјади евра.
Можеби ќе ве интересира: