Владата и верските лидери со апел до сите граѓани масовно да се вакцинираат

zaev sredba so verskite zaednici

Прeтседателот на Владата Зоран Заев, придружуван од директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, Даријан Сотировски, се сретна со поглаварите на верските заедници во земјава споменати во Уставот – на Македонската православна ц– Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан, на Исламската верска заедница, Реисул Улема хаџи Шаќир ефенди Фетаи и на Католичката црква, монсињор Киро Стојанов, бискуп скопски и струмичко-скопски епарх.

Zito akcija 640x289px

Заеднички апел на Владата и МПЦ, ИВЗ и Католичката црква, до сите граѓани, е да се почитуваат мерките во борбата против коронавирусот.

Agria

„Исто така, изразена е поддршка од сите верски заедници на процесот на вакцинирање и се упатува заеднички повик до сите граѓани да се пријават за вакцинација, со што ќе дадат придонес во сочувувањето на своето здравје и на јавното здравје. Од страна на верските лидери присутни на состанокот е укажано дека  заштитата на здравјето не е само обврска на државата, туку е и верска обврска бидејќи секој човек е должен, како општествено, така и според верата, да биде во служба на здравјето“, соопштија од Владата.

На средбата било оценето дека од почитувањето на мерките, ќе зависи и како граѓаните ќе ги поминат претстојните празници Велигден и Рамазан бајрам.

„Премиерот Заев изрази благодарност до верските лидери за потребата да се застане заеднички, во справувањето со последиците од пандемијата, што е од полза на сите луѓе. Тој најави средби и со претставници на другите верски заедници во земјава“, соопштија од Владата.

На состанокот е разговарано и за прашања од областа на денационализацијата на имот и образованието и е одлучено за нив да има дополнителни контакти, со цел заокружување на решенијата во интерес и на државата и на верските заедници и граѓаните.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/19876/vo-sosedna-srbija-olabavuvane-na-merkite-od-ponedelnik-deczata-se-vrakaat-na-shkolskite-klupi/