Владата ќе расправа за нови мерки за коронавирусот

vlada-2
vlada-2

На денешната седница на Владата на С. Македонија треба да се одлучува за новата предложена мерка за финансиска стимулација на матичните лекари доколку бројот на нивните вакцинирани пациенти против коронавирусот надмине 70 проценти. „Истражувавме и изминативе два-три дена и ќе предложиме една нова мерка до Владата, а тоа е посебна стимулација за матичните лекари. Односно, матичните лекари да бидат финансиски стимулирани кога ќе надминат 70 проценти на вакцинација од вкупниот број на прикрепени пациенти да бидат наградени со 30 денари по пациент од вкупниот број пациенти кои се запишани кај нив. Има уште некои аспекти кои тука треба да се разгледаат, но мислам дека тоа е предлогот со кој ќе настапиме во вторник пред Влада“, изјави министерот за здравство Филипче.

Zito akcija 640x289px

Комисијата за заразни болести вчера донесе одлука да не се воведуваат нови рестриктивни мерки поради појавата на новиот сој на коронавирусот, омикрон.

Agria

Од Светската здравствена организација велат дека прелиминарните докази сугерираат оти новиот вид носи поголем ризик од повторна инфекција. Последните податоци објавени од Министерството за здравство, покажуваат дека заклучно со 26 ноември во државава вкупно се вакцинирани 828.770 граѓани, ревакцинирани се 794.666, а трета доза примиле 70.937 граѓани.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 215.009, на оздравени пациенти е 199. 064, а на починати е 7.547.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијатa со коронавирусот во Велес изнесува 331 случај, а од почетокот на епидемијата во Велес се заразени вкупно 7276 лица.

Moжеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: