Владата го усвои предлогот на Министерството за финансии за намалување на ДДВ за електрична енергија за домаќинства од 18 на 5 отсто.
Оваа одлука ќе важи за период од 1 јули годинава до 30 јуни 2022 година, а за период од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 година даночната стапка за ДДВ за прометот и увозот на електрична енергија за домаќинствата да изнесува 10 отсто. За периодот по 1 јули 2023 година даночната стапка да изнесува повторно 18 отсто.
Целта на овие измени и дополнувања на Законот за ДДВ е со пониски цени на електричната енергија да им се помогне на домаќинствата со намалување на нивните трошоци.
Mожеби ќе ве интересира: