Владата забрани извоз на пченка, пченица, брашно, јачмен, масла и семе од сончоглед

Zneenje jacmen
Zneenje jacmen

Од денеска е забранет извоз на пченица, пченка, брашно, јачмен, масла и семе од сончоглед. Одлуката ја донесе Владата, и важи за сите производители за земјава и за извозот кон сите земји. Со оваа мерка треба да се избегне нарушување на пазарот, бидејќи според министерот за економија Крешник Бектеши домашните производители во последните неколку дена извеле големи количини од овие производи во странство.

Zito akcija 640x289px

„Домашните трговци на овие производи прво треба да се грижат за домашниот пазар, а не по потреба и добивање на одредени понуди и цени од странство да го пренасочат тоа производтсво. Во последните 10 дена за масло од сончоглед е направен извоз од 416 тони, за пченка е направен извоз од околу 700 тони, за брашно 166 тони“, рече министерот Бектеши.

Agria

И соседна Србија за речиси истите производи вчера стави забрана за извоз, но договорените количини кон Македонија ќе бидат испорачани.

„Она што е најавено од Вучиќ 50 илјади тони пченица и 25 илјади тони пченка кои се непходни до следната жетва и следната берба на пченката остануваат. Во моментот кога сите Влади носат одредени вакви одлуки со цел смирување на пазарот и стабилност и сигурност спрема граѓаните ние очекуваме она што ќе се исполни“, изјави Трајан Димковски- Државен советник во Министерството за земјоделство.

Покрај забраната за извоз, од денес стапуваат на сила новите антикризни мерки за дополнително органичување на трговските маржи за основните прехранбени производи, со која се ограничува поскапувањето на производите. Исто така од денеска во продавниците лебот, брашното и маслото за јадење треба да се продаваат по набавна цена, што треба да предизвика намалување на цените на овие производи.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: