Иконата на Ф1 и ко-сопственик на Квинс Парк Ренџерс, Флавио Бријаторе се наоѓа во тешка состојба откако се заразил со коронавирусот.
Бријаторе е сместен во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано. Не е на интензивна нега, но неговата состојба е сериозна, пренесуваат италијанските медиуми.
Интересно е што пред десет дена Бријаторе беше дел од фудбалски меч во хотелот Кала ди Волпе, каде беше сместена српската легенда Синиша Михајловиќ, кој од пред неколку дена е позитивен на коронавирус, но засега без симптоми, што предизвика страв поради здравствената состојба на тренерот на Болоња, кој пред неколку месеци ја победи леукемијата.
Можеби ќе ве интересира: