ВМРО-ДПМНЕ: ЕУ експресно го демантираше Ковачевски дека македонскиот јазикот е загарантиран

vmro-dpmne palata

„Ни 24 часа не траеја аплаузите на СДСМ и нивната коалиција во Собранието за некаква си заштита на македонскиот јазик. ЕУ експресно ги демантираше лагите на Ковачевски, Османи и Маричиќ“, велат утрово од Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ.

Zito akcija 640x289px

Вчера од портпаролката на Европската комисија јасно и недвосмислено слушна македонската јавност, дека македонскиот јазик не е заштитен и загарантиран. Откако таа беше запрашана во врска со македонскиот јазик, портпаролката на ЕУ истакна дека во Македонија се зборува „јазикот користен од луѓето во Македонија. Никаде не беше користено македонски јазик, туку јазикот кои го користат граѓаните на Македонија. Повторно срам и понижување на државата со асимилаторскиот договор кој оваа ненародна власт сака да го протне“, велат од партијата на Мицкоски.

Agria

Оттаму се заканија дека за сите „предавства кои ги прават Ковачевски и власта“ ќе има одговорност и ќе одговараат за велепредавство.ЕУКОВАЧЕВСКИ