ВМРО ДПМНЕ нема да учествува на изборите во Штип и Пласница

Mickovski VMRO DPMNE
Mickovski VMRO DPMNE

Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ одлучи партијата да ги бојкотира предвремените локални избори во Штип и Пласница.Како аргумент ја посочуваат пандемијата со Ковид 19 и загрозување на здравјето на граѓаните.

Zito akcija 640x289px

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, причина за таквата одлука е, како што вели апокалиптичната состојба со Ковид-19 пандемијата.

Agria

-Ценам дека свесното втурнување во опасност и загрозувањето на животите на граѓаните не е политика што ВМРО-ДПМНЕ ја подржува, ние се спротивставуваме на ваквите девијантни однесувања во политиката и ваквите би рекол „Монти Пајтон” политичари и ја користам оваа прилика да апелирам на разум, затоа што ситуацијата со пандемијата е девастирачка и алармантна, а тоа го кажа и во оној страшен прес ресорниот министер, кога и покрај сите оние убедувања во минатото дека „блескаме” дека ситуацијата е под контрола, а по нашите укажувања призна дека ситуацијата не само што не е по контрола, туку е надвор од контрола, изјави Христијан Мицкоски.

Рокот за поднесување на кандидатури истекува на полноќ.Досега се поднесени три кандидатури за Штип,Сашко Николов од СДСМ, Лазар Наумов од ТМРО и Трајче Митев како независен кандидат.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: