ВМРО-ДПМНЕ заедно со нејзиниот лидер Христијан Мицкоски, заедно со своето членство попладнево протестираше за како што велат неправди, реваншизам и политичко насилство.
Почетокот на протестот започна како и досега од Министерството за правда, а крајна дестинација беше пред основното јавно обвинителсто.
Во своето обраќање Мицкоски ги критикуваше премиерот Зоран Заев, некогашното СЈО, како и судијката Добрила Кацарска.
На протестот, Мицкоски побара од премиерот Зоран Заев, да го одржи зборот и да овозможи предлогот за јавен обвинител да го даде опозицијата, исто како што бараше во време кога беше во опозиција. Тој вечерва уште еднаш го повтори ставот дека опозицијата треба да го предложи идниот јавен обвинител и истакна дека Заев бега од ова прашање.
Можеби ќе ве интересира: