ВМРО ДПМНЕ: СДС сака да ги спаси организаторите на прислушкувањето со лажни барања за декласификација

„СДС блефира и свесно бара нешто што е невозможно да се направи ако сакаме да постои правна постапка. Ваквиот однос само ги јакне сомнежите дека тие стојат зад нарачките за следење и прислушкување, бидејќи преку лажни обиди за „декласификација“ сакаат да ги спасат организаторите, пуштајќи ги доказите во јавност“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

„Декласификација на документи се врши исклучиво согласно закон, и тоа во судска постапка, по барање и одлука на надлежните органи.

Со оглед на тоа дека за сите информации поврзани со незаконското работење во АНБ е веќе известено Јавното обвинителство, понатамошното постапување останува во нивна надлежност. Прашањето за декласификација на документи може да биде дел само од постапките што се водат од страна на обвинителството и судот, а не од партиска нарачка на СДС.

Agria

СДС, со овој однос јасно потврдува дека се плаши, а кога Венко Филипче зборува за „инфантилност“, тоа е исто како доктор Менгеле да зборува за права на пациентите или барон Минхаузен за етика и држење до зборот.

Нема поголем комплимент за нас од тоа марионетата на струмичкото семејство да не етикетира со погрдни зборови. Човек кој одамна го продал својот морал за неколку песни на Харис Џиновиќ и две кружења со јахта, и кој е заробен меѓу амбиции, базични инстинкти и заеднички бизниси со семејството кое го има киднапирано СДС.

Со оглед на чувствителноста на темата, неопходно е да се почитуваат строго пропишаните процедури. Утврдувањето на одговорност и евентуално кривично гонење е во надлежност на обвинителствата и судовите, а не на СДС“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: